Рамос во голема неволја: Повредата на Салах може да го чини - милијарда евра!
Тој се појавил на египетска национална телевизија и ја објавил тужбата до ФИФА и го обвинил Шпанецот дека намерно го повредил фудбалерот на „црвените“, а со тоа и нанел физичка и психолошка повреда на целата египетска нација и нејзиниот најдобар фудбалер.
„Рамос намерно го повреди Салах и треба да биде казнет поради неговите постапки. Поднесов тужба до ФИФА. Ќе барам компензација, која може да биде и повисока од 1 милијарда евра за физичката и психичката траума што Рамос му ја нанесе на Салах, но и на цел Египет“, вели адвокатот.
Иако веорјатноста дека ќе добие 1 милијарда евра е невозможна, адвокатот најавил дека ако тужбата биде успешна, секоја финансиска компензација што ќе ја добие, ќе оди во хуманитарни цели.
Во текот на вчерашниот ден навивачите покренаа и он-лајн петиција, на која се потпишаа преку 300.000 лица, Рамос да биде суспендиран од ФИФА и да не игра на Светското првенство во Русија.