Хакими му се извини на Менди за пешкирот: Тоа што го направив не беше професионално!
Еден од највпечатливите инциденти беше кога Мароканците му го зимаа пешкирот на Менди со кој ги бришеше влажните топки од дождот.
Тоа го правеше и Ашраф Хакими, како член на актуелниот европски шампион, тој треба да биде пример за Мароканците, но очигледно е погрешен пример.
„Му се извинувам на Менди и на целиот тим на Сенегал. Тоа што го направив не беше професионално! Желбата за победа направи да делувам надвор од границите на професионалноста и фер-плејот. Комплетно ја прифаќам одговорноста за ова и се надевам дека ќе разберете дека ова однесување не ја дефинира мојата личност и она што го застапувам. Уште еднаш, честитки за Сенегал за освојувањето на Африканскиот куп на нации“, рече Хакими.