Конте е бесен по киксот на Наполи: Не сме за ова натпреварување!

Наполи одигра само 1-1 на гостувањето кај Копенхаген иако еден час играше со фудбалер повеќе и имаше водство од 1-0.

Наполитанците може и да испаднат од Лигата на шампионите уште во лигашката фаза, нивната судбина ќе се решава во последното коло, а не мораше да биде така.

„Разочаран сум. Натпреварот беше идеален за да победиме и да го завериме пласманот во следната рунда. Може да имаме илијадници изговори, но вечерва ниту еден од нив не може да одговара, бидејќи мечот се одвиваше толку добро и ги имавме сите услови да го добиеме“, рече Конте.

„На четврти меч по ред покажуваме дека страдаме. Бевме во комплетна контрола со 11 на 10, па дури и тоа што имаме 10 повредени и замор, не може да биде оправдување. Едноставно мораше да го победиме мечот во една таква ситуација“.

„Разочарувачки е бидејќи во моментов очигледно нашето ниво не одговара со ова натпреварување. Имаме само осум бодови во Лигата на шампионите. Не знам што да кажам, треба да бидеме лути на себеси бидејќи ова беше златна шанса“.

„Беше како да се спуштате со велосипед по удолница и некако сами да направите да почнете да возите по угорница“.