Прв (по)голем инцидент: Навивачи на Аргентина и Мексико се степаа во Катар (ВИДЕО)

На два дена пред натпреварот помеѓу Аргентина и Мексико, а кој се очекува да има 80.000 навивачи на двете селекции на трибините, се случи голем инцидент, откако група фанови на двете репрезентации се степаа во една од фан-зоните на Мундијалот во Катар.

Не е познато кој е иницијатор на тепачката, но може да се слушне дека Аргентинците го извикуваат името на Лионел Меси, по што доаѓа до размена на тупаници на двете страни. Инцидентот, за среќа, сам по себе се смирил, бидејќи во ниту еден момент немало полиција да реагира на непријатната ситуација.

Аргентина и Мексико ќе се сретнат задутре (20 часот), а ова ќе биде важен меч и за двете селекции со оглед што првите на стартот шокатно загубија од Саудиска Арабија (1-2), додека вторите ремизираа со Полска (0-0).