
Познати се повеќе од половина репрезентации што ќе играат на Светското првенство
Со нив, веќе се познати 28 од вкупно 48 репрезентации што ќе учествуваат на Мундијалот, вклучително тројцата домаќини: САД, Мексико и Канада. Од Европа се пласира првата селекција и тоа е Англија која на неверојатен начин, со максимални 18 бода и гол разлика 18-0 се бетонира на првото место, па во ноември ќе има можност да експериментира и да се обиде без примен гол да ги заврши квалификациите.
Покрај Англија, познати се уште четири репрезентации што ќе играат на првенството и тоа по две од Азија и Африка. Од Азија, тоа се Саудиска Арабијиа која ремизираше со Ирак и го освои првото место, како и Катар кој во клучниот меч ги совлада Обединетите Арапски Емирати. Од Африка, се пласираа Сенегал кој со победа против Мавританија исто така го потврди првото место во групата и Брегот на Слоновата Коска која ја победи Кенија.
Од 28. репрезентации кои досега се пласираа Мундијалот, има тројца дебитанти: Зеленортски Острови, Јордан и Узбекистан.