
Синер се откажа од Мастерсот во Париз, Алкараз ќе ја заврши годината на првото место
Тоа беше последна шанса за него да освои бодови до крајот на оваа сезона бидејќи и лани не играше на овој турнир. Со оглед на тоа што Алкараз има предност од 1.300 бода и брани многу помалку до крајот сезоната, јасно е дека Шпанецот ќе ја заврши годината на првото место и ќе остане таму најмалку до април.
Според Етерно, Синер сфатил дека не може да атакува на првото место, па приоритет ставил на целосно заздравување откако во Шангај мораше да му предаде на Грикспор поради повреда. Ова значи дека Италијанецот ќе ја заврши годината без ниеден Мастерс трофеј, но со две Гренд слем титули, освоени во Мелбурн и Вимблдон.
Годинава беше ислучително лоша за Синер кој досега освои само три титули, двете гореспомнати на Гренд слем турнирите и една во Пекинг од Серијата 500. Оваа сезона ќе биде запамтена по неговата тримесечна суспензија по која не успеа да ја достигне посакуваната форма и најголемиот блесок по неа му беше триумфот на Вимблдон. Во Синсинати и Њујорк загуби од Алкараз во финалните дуели, а куриозитет е тоа што два пати предаде, еднаш против Шпанецот и еднаш против Грискпор.