
Охрид не запира – се „поднови“ со репрезентативец на Македонија! (ВИДЕО)
Станува збор за ракометар кој игра како десно крило, но кој по потреба може да ја пополни и позицијата десен бек. Тој претходните две години ги одигра во дресот на Вардар, а летово направи трансфер во германскиот второлигаш Десау, каде што не се задржа премногу. Во кариерата има играно уште и за Металург, Работник, Пелистер, Пролет, како и за исландскиот тим Акурејри.
Јагуриновски беше дел од македонската јуниорска селекција на СП 2017, додека има собрано 11 средби за најдобриот национален тим, со 16 постигнати голови.