
Скандал на меч од квалификациите за СП – се тепаа играчите со публиката (ВИДЕО)
Стрелци за домаќините беа Педро Мигел и Буалем Кухи, кои со своите погодоци му овозможија на Катар да обезбеди пласман на Мундијалот. Натпреварот беше исполнет со тензии и нереди. По вториот погодок на Катар, на теренот изби тепачка во која учествуваа и фудбалери и навивачи. Ситуацијата беше ставена под контрола благодарение на судиите и обезбедувањето, по што мечот продолжи и беше завршен во целост.
Финишот на дуелот исто така беше драматичен. Во 90. минута Тарек Салман од Катар доби директен црвен картон поради груб прекршок, а Султан Адил во 98. минута намали на 1-2. Сепак, Катар успеа да го задржи водството и да ја запечати победата што му го отвори патот кон Светското првенство.