Ѓулер: Ако Чаби Алонсо ми рече да играм како голман - ќе купам ракавици!

Турската фудбалска ѕвезда, Арда Ѓулер ја искажа својата почит и доверба кон тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо.

Алонсо има голема доверба во Ѓулер и постојано го игра во стартниот тим, па турскиот фудбалер на интересен начин го искажа своето задоволство.

„Имам комплетна верба во плановите на Чаби Алонсо. Ако еден ден ми рече да играм како голман, ќе купам ракавици“, вели Арда Ѓулер.

Ѓулер беше дел од Реал Мадрид и кога шпанскиот гигант последен пат триумфираше во Лигата на шампионите, во 2024 година, но не ја чувствуваа таа титула.

„Не ја чувствувам ЛШ 2024 како моја. Не играв многу, па треба да освојам нова за да ѝ се израдувам“.