УЕФА планира промени во квалификациите - сите во една група!

Во ек на квалификациите за Светското првенство, се појавија гласини дека УЕФА има идеја да го промени начинот на кој ќе се играат тие во иднина.

Идејата е да се преслика системот на сегашниот формат од Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига, односно сите репрезентации да бидат во една група.

Би имало една табела, секоја репрезентација би добила за противници по две селекции од различни шешири, исто како и во европските клупски натпреварувања.

Се разгледува и опција да се намали бројот на репрезентативни паузи, но тогаш тие би траеле подолго. Наместо по два натпревари како досега, идејата е селекциите да играат по четири меча во една репрезентативна пауза.

Тоа е идеја со цел да нема чести прекини на клупската сезона.