
Рајковиќ го победи Трапани, триумфот му го посвети на Панчо (ФОТО)
Откако во воведниот круг го совлада Бнеи Херцлија од Израел, тимот од Бурса како гостин го совлада италијанскиот Трапани со 91-89. Турската екипа одигра извонредно прво полувреме во кое постигна 53 поени и на голем одмор замина со +17, но малку недостасуваше да ја загуби високата предност. На стартот на третиот период, Тофаш водеше и со 21 разлика (57-36), но Трапани во вториот дел направи голем пресврт и мачку недостасуваше да ги освои двата бода. Во последната четвртина на само еден поен негатива и тоа во два наврата, но серијата од 5-0 на гостите на три минути пред крајот, по која отидоа на 84-77, се покажа клучна за триумфот.
Сега Тофаш има 2/0 и е на делба на првото место во својата група со шпанскиот Тенерифе со кои се среќава во следните две кола, прво дома на 28 октомври, а потоа на гости на 11 ноември.
Победата на синоќешниот меч, Рајковиќ му ја посвети на својот пријател Владимир Блажев Панчо, кој почина вчера.