![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/08/248039-potencijalen-problem-za-real-vinisius-ja-odbil-prvata-ponuda.jpg?itok=PiC-JKRx)
Потенцијален проблем за Реал: Винисиус ја одбил првата понуда
Бразилецот во овој момент има плата од 15 милиони евра годишно и во новиот договор имал покачување, сепак тоа не било доволно да се согласи на продолжување на соработката.
Според информациите на новинарот Марио Кортеган кој важи за добро упатен со случувањата во Реал Мадрид, преговорите започнале пред две недели, но менаџерите на бразилскиот крилен фудбалер ја вратиле понудата и ќе чекаатп одобра.
Винисиус пред две години потпиша продолжување на соработката со Реал Маддрид до 206 година и во неговиот договор има откупна клазула од милијарда евра. Сепак, има интерес од други клубови и во таква ситуација, посебно се споменуваше Саудиска Арабија.
Ќе потсетиме, Винисиус наводно пред себе има понуда од Саудиска Арабија според која би заработил една милијарда евра за пет години.