Порто го отпушти тренерот Бруно и назначи негова замена

Витор Бруно повеќе не е тренер на Порто, потврид португалскиот гигант.

Порто објави соопштение во кое потврди дека Бруно е семент и првиот тим привремено во наредниот период ќе го води Жозе Тавареш.

Кормилото на Порто, Бруно го презема во јуни 2024 година кога го наследи Сержо Консеисао.

Тавареш ќе го води тимот на припремите за натпреварот од седмото коло во Лига Европа против Олимпијакос кој на програмата е во четврток

Отказот за Бруно доаѓа по не баш најдобрите резултати од почетокот на сезоната. Тимот во овој момент е на третата позиција со 40 бода, Бенфика има бод повеќе на второто место, додека Спортинг е лидер со 44.