Поранешниот фудбалер на Милан и Рома објави крај на кариерата

Данскиот дефанзивец, Симон Кјаер објaви крај на професионалната кариера на 35 години.

Поранешниот фудбалер на Милан од 30 јуни беше без клуб, а последниот натпревар го одигра на 8 јуни против Норвешка во дресот на репрезентацијата на Данска.

Имаше Кјаер неколку понуди летово и тоа од екипи кои играат во Лигата на шампионите, но одлучи да се повлече.

„Сега е навистина време да го завршам овој дел од својот живот. Во моите мисли, сакав да ја завршам кариерата во Милано. Знам дека волку далеку во мислите и процесите во својата глава не можев да имам подобар крај на кариерата“, изјави Кјаер.

Кјаер во својата кариера настапуваше во екипите на: Мјитиланд, Палермо, Волфсбург, Рома, Лил, Фенербахче, Севиља, Аталанта и Милан.

Дресот на репрезентацијата на Данска го носеше на 132 натпревари во кои постигна пет гола.