Поранешната ѕвезда на ПСЖ блесна со гол со „ножички“ во Катар (ВИДЕО)

Поранешниот германски репрезентативец Јулијан Дракслер постигна спектакуларен гол во 14. коло од катарскиот шампионат помеѓу Ал Кор и Ал Ахли.

Неговиот Ал Ахли славеше победа со 1:0, а голот на одлука го постигна Германецот во 87. минута и тоа беше спектакуларен погодок.

Германецот на мајсторски начин го искористи нафрлувањето на Ерик Еспосито од десната страна и со маестрални „ножички“ ја смести топката во мрежата.