Полуголи дојдоа да ги гледаат „кариоките“ во Бразил (ФОТО)

Бразил синоќа дебитираше на Мундијалот во Русија, но непријатно ги изненади сите со ремито 1-1 против Швајцарија, по што незадоволни беа и навивачите на „кариоките“, но и неутралните навивачи кои очекуваа да видат вистинска фудбалска „самба“ на бразилските мајстори предводени од Нејмар.

И ако илјадници Бразилци дојдоа во Русија за да ги гледаат фудбалските виртуози, милиони други во татковината се подготвуваа за воведниот меч и за големо славје. Меѓу нив, имаше и Бразилки кои практично топлес излегоа да го гледаат мечот, а потоа да слават победа.

Тие само обоени во боите на националното знаме преку градите, го привлекуваа вниманието на машката популација. Но, се остана залудно, затоа што Нејмар и другарите не им донесоа радост