Полицијата собори навивач на „Бомбоњера“, па Тевез со својот потег ја воодушеви публиката (ВИДЕО)

Во сабота се игра големото аргентинско дерби помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс во вториот натпревар од финалето во Копа Либертадорес, а атмосферата се „загрева“ пред самиот почеток на дуелот.

На вчерашниот тренинг на Бока на „Бомбоњера“ беа присутните околу 50.000 навивачи, кои дојдоа да ги поздрават своите миленици пред реваншот.

При тренингот на фудбалерите, еден од навивачите на Бока успеал да влезе на теренот, но при неговиот обид да стигне до своите миленици, полицијата го запре. Сепак, во тој момент Карлос Тевез ја смири ситуацијата и го зема навивачот со себе.

Потоа го однесе кај останатите сонародници, а на крајот му ја даде тренерката, па тоа многу го израдува навивачот.