Почина легендата на Манчестер јунајтед, но и човекот кој ги испрати во втора лига

Денис Лав, легендарниот репрезентативец на Шкотска и еден од најголемите фудбалери во историјата на Манчестер јунајтед почина на 85-годишна возраст.

Лав успеа да стане вториот британски фудбалер по Стeнли Метју кој ја добил „Златната топка“ за најдобар во Европа. Престижното признание успеа да го добие во 1964 година и остана единствениот шкотски фудбалер со таков успех.

Заедно со Кени Даглиш е најдобар стрелец на репрезентацијаа на Шкотска на сите времиња со 30 голови, а неговите 237 гола во дресот на Манчестер јунајтед го прават трет најдобар голгетер во историјаа на „црвените ѓаволи“ зад Вејн Руни и Боби Чарлтон.

Со Јунајтед освои шест трофеи вклучувајќи и две титули шампион на Англија и историскиот прв трофеј во Купот на шампионите за англискиот гигант во 1968 година.

Колку Лав е голем во очите на навивачите на Манчестер јунајтед доказ е податокот дека го сметаат за легенда и покрај тоа што како фудбалер на градскиот ривал, Манчестер сити ги исфрли во втора лига.

Имено, во 1974 година како фудбалер на Манчестер сити во последното коло го постигна победничкиот гол во градското дерби и така го испрати Јунајтед во понизок ранг.