И Холанѓаните најавија жалба – ама не за добиените 12 пенали и два црвени за нас!
Иако натпреварот заврши со релативно очекувана победа на Холанѓаните, вниманието се насочи кон случувањата на трибините и реакциите на македонските навивачи, пред се на судиските неправди кои кулминираа со 12 досудени пенали за „лалињата“, а два црвени картони за нас.
„Тоа што се случи на крајот беше застрашувачко, но за среќа никој не беше повреден. Сигурно нема да оставиме работите да останат така. Веќе подготвуваме официјален извештај за настаните“, изјави помошникот на селекторот на Холандија, Ваи Вонг, за холандските медиуми.
Иако фрлањето предмети на теренот од страна на поединци беше осудено од сите страни, македонските навивачи тврдат дека нивното однесување било реакција на, како што велат, „срамното судење“ од страна на данските арбитри. Главната ѕвезда на холандскиот тим, Лук Стајнс, по мечот ја критикуваше атмосферата, наведувајќи дека ситуацијата ескалирала.
„Работите стануваа сè полоши како што одминуваше времето. На крајот моравме да се засолниме и да избегнеме ракување со противниците. Навивачите се обидоа да ги прескокнат оградите и да влетаат на терен. Вакви сцени првпат гледам“, рече Стеинс.
Иако холандската страна ја потенцира опасноста од инцидентите, македонските навивачи ја обвинуваат судиската неправда како причина за нивната реакција, но истакнуваат дека драматизацијата од страна на Холанѓаните е претерана.