Ужас во САД: Млад кошаркар убиен пред очите на неговата мајка!

Страшна трагедија се случила во Америка, поточно во Филаделфија каде што бил убиен младиот талентиран кошаркар Ноа Скери кој имаше само 17 години.

Скери беше ѕвезда на средношколскиот тим на Самуел Фелс, а бил убиен токму на патот до училиштетото. Како што пренесуваат медиумите во САД убиството се случило во близина на неговиот дом додека со него била и неговата мајка.

Мајката била сведок на трагичната сцена во која нејзиниот син бил убиен од огнено оружје. Полицијата информираше дека настанот се случило околу седум часот наутро во вторникот, а биле испукани околу 20 куршуми.

„Овој убиен тинејџер бил исклучителен. Кога во прашање е училиштетото, немаше никакви проблеми со било кој друг ученик. Никој не знае што е причината“, соопштија од полицијата.

Во писмото испратено до семејството на убиениот Скари, диекторот на училиштетото истакнал дека Скери неодамна го постигнал најдобриот резултат на тестовите во школската заедница.