По само една сезона Сергеј Милинковиќ-Савиќ би можел да се врати во Серија А!

Сергеј Милинковиќ-Савиќ минатото лето го напушти Лацио и се пресели во Саудиска Арабија, но неговата авантура таму би можела да трае само една сезона.

Српскиот фудбалер има договор со Ал Хилал на три години според кој заработува околу 20 милиони евра по сезона.

Одлично му оди, одигра 25 меча, постигна десет голови и направи шест асистенции.

Но, според италијанските медиуми, Милинковиќ-Савиќ би можел да се врати во Серија А, но овојпат да го облече дресот на Јувентус.

Наводно Јувентус е силно заинтересиран да го врати Србинот во Италија.