Перез: Што ќе се случеше ако го победевме Ривер на „Монументал“?
Пабло Перез беше еден од потешко повредените, па зборуваше што им се случувало по инцидентот, а го критикуваше и КОНМЕБОЛ.
„Јас не можев да игра, но тие нѐ тераа на тоа. Што ќе се случеше ако игравме и победевме? Како ќе нѐ извадеа од таму. Тие луѓе се луди и сакаа да нѐ убијат. Кога ја напуштив амбулантата, тие фрлија уште предмети кон нас“, објаснува Перез.
Перез откри дека тренерот на Бока, Гилјермо Барос Шелото го повикал да му каже дека ги тераат со сила да настапат на натпреварот.
„Ова не смее да се случи никогаш повеќе. Дури и да ми го извадеа окото, никој немаше да плати за тоа. Ова е тажно за сите, за Бока и за Ривер, но и за Суперкласико“, вели капитенот на Бока.