Откриено зошто Фонте не го прегрна Роналдо при прославата против Шпанија (ВИДЕО)

Најдобриот играч на Португалија, Кристијано Роналдо, постигна еврогол од слободен удар во финишот на мечот против Шпанија (3-3) на Светското првенство во Русија.

Сите сонародници на Роналдо беа воодушевени од голот и тргнаа да го прегрнат, но еден од нив не смееше тоа да го направи.

Станува збор за Хозе Фонте, а причината зошто не смееше да го прегрне Роналдо е многу едноставна. Поради тоа што сите негови играчи излегоа од теренот, Фонте морал да остане во теренот, зашто во спротивно Шпанија можела да ја изведе топката од центар и да постигне гол.

На видеото се гледа како соиграчите му сугерираат на Фонте да не им се приклучи и да остане на теренот.