Откриена причината за каменувањето на автобусот на Бока!? (ФОТО)

Реваншот од финалето во Копа Либертадорес помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс синоќа по вторпат беше одложено, откако управата на гостите побараа од организаторите да не се игра натпреварот бидејќи нема услови за одигрување на мечот.

Во саботата пред натпреварот, навивачите на Ривер го каменуваа автобусот на Бока во близина на „Монументал“, па неколку фудаблери беа повредени од стаклото.

Не беше позната реакцијата на навивачите на домаќините, но синоќа на социјалните мрежи се појави уште една шпекулација за целиот инцидент, а на фотографијата, која беше објавена, се забележува дека фудаблерот на Бока, Фернандо Гаго покажува среден прст кон навивачите.

Постапката на фудбалерот е неоправдана, како и дивјачкото однесување на домашните навивачи, кои беа критикувани од претседателите на двата клуба, ФИФА, но и светските медиуми.

Кога и каде ќе се одигра Суперкласико уште не е познато, но веќе се понудија од Абу Даби и Џенова да биде организиран дуелот кај нив, но сепак КОНМЕБОЛ, ФИФА и претставници на двата клуба ќе решат утре каде ќе се одржи големиот спектакл.