Откриена е „бомбата“ на Перез од 150 милиони евра – доаѓа од ПСЖ!
Сепак, шпанските новинари брзо дојдоа до информацијата за кого станува збор. Поточно, новинарката Аранча Родригез објави дека цел на мадридскиот гигант е фудбалерот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Жоао Невеш.
Флорентино Перез изјавил дека станува збор за нов „галактико“, млад фудбалер кој настапува за клуб што игра во Лигата на шампионите и не доаѓа од англиското првенство. Исто така додаде и дека не е дефанзивец, туку е од средниот ред или напаѓач, а профилот целосно одговара на португалскиот репрезентативец.
Невеш има 21 година и во Пари Сен Жермен пристигна од Бенфика во 2024 година. Во изминатите две сезони се наметна како еден од клучните играчи на двократниот последователен европски шампион.
Оваа сезона одигра 38 натпревари во сите натпреварувања, постигна седум голови и забележа четири асистенции.
Реал Мадрид претходно веќе ги договори трансферите на Дензел Дамфрис и Ибрахима Конате.