Останаа без место на СП, па тренерот тргна да се тепа со ривалите поради - вуду магија! (ВИДЕО)

Конго ја елиминира Нигерија и се пласира на Светското првенство (СП) во 2026 година, но натпреварот не можеше да помине без скандал.

Помошник-тренерот на Нигерија, Ерик Челе збесна за време на пенал-серијата во финалето на баражот против Конго и во еден момент тргна да се пресмета со ривалите.

Нигеријците ги обвинија ривалите дека користеле „црна магија“, но за тоа веднаш пристигна демант од Конго.