Официјално: Челси промовираше голем талент за кој плати 35 милиони евра

Челси е активен на јануарскиот пазар, сините денеска го потврдија и ангачманот на Нони Мадуеке кој на Стемфорд Бриџ пристигна од ПСВ Ајндховен.

Мадуеке е 20-годишен фудбалер кој важи за голем талент, тој е офанзивен играч кој претежно игра на десната крилна позиција но може да игра и како централен напаѓач.

„Нони Мадуеке пристигна во Челси од ПСВ Ајндховен, тој потпиша седум ипол годишен договор со опција за продолжување на уште една дополнителна година“, стои во соопштението на Челси.

Англискиот клуб за овој трансфер на ПСВ ќе му плати 35 милиони евра.

„Челси е најдобриот клуб во Лондон, се разбира. Навистина сум задоволен што потпишав за еден од најдобрите клубови во светот. Да се вратам во Англија и да играм во Премиерлигата за мене е сон“, изјави Мадуеке.

Тој потекнува од школата на Кристал Палас, а една година беше и во Тотнем пред да се пресели во ПСВ.