Од Турција го избркаа – Дејвид Бекам го прибра

Поранешниот англиски репрезентативец, Даниел Стариџ, е близу до преселба во клубот на Дејвид Бекам, Интер Мајами.

Поранешниот напаѓач на Челси и Ливерпул, беше вклучен во скандал со обложување, поради што доби суспендиран од турскиот Трабзонспор, иако за овои тим постигна седум гола на 15 натпревари.

Трабзонспор ја прекина соработката со него на почетокот на март, но неговата суспензија истекува наскоро и е подготвен да се пресели во МЛС-лигата.

Неколку клубови покажаа интерес за неговиот потпис, но се чини дека ќе ја продолжи кариерата во Интер Мајами, тим кој најави голем проект и донесување на неколку фудбалски ѕвезди.

Стариџ ја започна својата кариера во Манчестер Сити и најголемиот дел го помина во Англија. Сега, како 30-годишник очигледно е подготвен за нови предизвици.