Нови детали за бизарниот отказ: Соколарот на Лацио се заклучил во соблекувална

Медиумите во Италија откриваат нови детали од најбизарната фудбалска приказна сезонава.

Хуан Бернабе, Шпанецот кој беше задолжен за работа со орелот маскота на Лацио доби отказ откако на социјалните мрежи објавил фотографии од својот полов орган по вградувањето на протеза.

Сега медиумите откриваат дека по отказот Бернабе се заклучил во просториите на клупскиот тренинг центар.

Бернабе не сакал да го прифати отказот мирно и се обидел да се спротистави одбивајќи да замине. Исто така со Бернабе отказ заработил и клупскиот доктор Габриеле Антонини кој го оперирал.