
Нов рекорд: Го имаме најкраткото гостување во историјата на европскиот фудбал!
До денеска рекордот го држат Слован Братислав и Рапид со одалеченост од 53 километри, но сега фудбалерите на Копенхаген за вечерашниот натпревар поминале само 40 километри.
Двата града ги дели море и поврзани се со мостот „Оресунд“ кој е долг 16 километри и води од Малме до Копенхаген. Осум километри од мостот се возат над морето, а потоа се влегува на вешачкиот остров Пеберхолм од каде што има подводен тунел од четири километри.
Кога е рекордот за најдолгото растојание тука рекордот го држат Бенфика и Астана од Казахстан кои ги делат 6.164 километри. Инаку, ако некогаш се соочат најдолгото растојание во Европа би било помеѓу Санта Клара и Шахтјор Караганди од 7.500 километри или 22 часа лет со авион.