Никој не е (пре)задоволен: Веќе е извесно каде ќе се игра одложеното Суперкласико!
Челниците на ова натпреварување (КОНМЕБОЛ) попладнево ќе имаат состанок на кој ќе одберат некоја од пријавените локации, а кои навистина не се малку. Неофицијално, ако биде решено седбата да се игра без публика, речиси сигурен домаќин во тој случај би бил стадионот „Хозе Амалфитани“ на кој настапува аргентинскиот тим Велез Сарсфилд. Но, ако бидат дозволени навивачи, тогаш постојат две опции – Асунсион, главниот град на Парагвај и Мајами.
Првата средба заврши со резултат 2-2, а реванш-мечот двапати беше одложуван поради нападот на хулиганите на Ривер плејт врз автобусот на Бока во кој беа повредени неколку фудбалери на овој тим.