Никој како него, Роналдо прв стигна до - милијарда!

Кристијано Роналдо стана првиот поединец кој ја помина границата од милијарда следбеници на социјалните мрежи.

Со заминувањето во арапскиот свет популарноста на Роналдо на социјалните мрежи значително се зголеми, а неодамна тој отвори и јутјуб канал каде веднаш дојде до огромна бројка на следбеници.

Збирно на сите социјални мрежи каде има официјални профили, Роналдо дојде до бројка од преку милијарда следбеници.

Португалецот за овој свој нов рекорд кој е надвор од фудбалските терени, се пофали на социјалните мрежи.