
Невиден пресврт: Анчелоти ги „извиси“ Бразилците, ќе оди во Саудиска Арабија
Во последен момент, трофејниот италијански стручњак одлучил да ја одбие понудата и да се повлече од преговорите со петкратниот светски шампион. Марка утринава објави дека Анчелоти во понеделникот отпатувал во Лондон за да го потпише договорот, веќе одлучил дека првпат во кариерата ќе стане селектор, но пред да стави потпис, им соопштил на челниците на Фудбалската федерација на Бразил дека не сака да ја води репрезентацијата.
Место тоа, најверојатно ќе се пресели во Саудиска Арабија од каде разгледува една богата понуда иако името на клубот засега не се соопштува. Наводно, клучен фактор во оваа одлука биле парите бидејќи Саудијците понудиле многу повеќе откако Федерацијата на Бразил.
Анчелоти секако ќе си замине од Реал на крајот на сезоната, а според информациите од Мадрид, неговата позиција ќе ја пополни Чаби Алонсо.