Понуда од 50 милиони евра го натера Анчелоти да ги „откачи“ Бразилците!?

Италијанскиот тренер Карло Анчелоти на крајот на сезоната го напушта Реал Мадрид, а сите очекуваа да го преземе кормилото на бразилската фудбалска репрезентација, меѓутоа такво нешто најверојатно нема да се случи.

„Релево“ објави дека Анчелоти го известил раководството на бразилскиот фудбалски сојуз дека Реал Мадрид не му дозволува да замине во јуни, освен ако не се откаже од останатите плати од договорот кој беше потпишан до крајот на следната сезона.

Во меѓувреме се појави и информација дека Анчелоти добил примамлива понуда од саудискиот тим Ал-Хилал, кој е подготвен да му плаќа по 50 милиони евра годишно.

Анчелоти засега нема донесено конечна одлука кого ќе води во иднина, а истото прашање се чека да биде одговорено во следниот период, односно пред крајот на актуелната сезона.