
Сите се мајтапат со Невил и Карагер поради нивната прогноза за Премиер лигата
Сите се мајтапат со нив двајца во моментов поради тоа што се покажаа како лоши прогнозери. Карагер кажа дека Манчестер јунајтед ќе биде во топ-5 клубови, додека Невил посочи дека „црвените ѓаволи“ ќе завршат на третата позиција. Сепак, гигантот во моментов е на 14. позиција во шампионатот.
Карагер, исто така, прогнозираше дека Нотингем Форест ќе испадне од лигата, но тимот се бори за пласман во Лигата на шампиони (ЛШ).
Од друга страна, Невил кажа дека Ливерпул ќе заврши на петтата позиција, но „црвените“ веќе ја обезбедија титулата на четири кола пред крајот на сезоната.