Нејмар откри зошто ја направил најлошата фризура

Фудбалерот на Бразил, Нејмар, беше во центар на внимание во првото коло на Мундијалот, но не поради голови и фудбалска уметност, туку поради фризурата, на која му се смееше целиот свет.

На социјалните мрежи се појавија многу шеги на сметка на Нејмар, па дури и легендарниот Ерик Кантона носеше шпагети на глава.

Многумина почнаа да ја споредуваат фризурата на Бразилцот со таа на Роналдо од 2002. година, но иако не изгледаат исто, тие имаат нешто заедничко.

„Имав повреда и сите зборуваа за тоа пред Мундијалот. Потоа одлучив да ја скратам косата и кога ја видоа сите фризурата, веднаш заборавија на мојата повреда. Така можев да останам мирен и да размислувам само за фудбал“, објасни тогаш Роналдо.

Нејмар пред неколку месеци, исто така, имаше повреда и мораше да оди на операција, а многумина сметаат дека не е целосно оздравен и дека сака да направи слично нешто како неговиот постар сонародник.