Не е сè сјајно во Бразил: Тијаго Силва откри дека Нејмар го навредувал!

Првиот фаворит на Светското првенство во Русија, Бразил со многу мака вчера стигна до победата со 2-0 над Костарика за да направи голем чекор кон осминафиналето на вој Мундијал, но капитенот Тијаго Силва откри еден детал кој покажува дека не е баш сè најсјајно во таборот на „кариоките“.

Силва откри дека неговиот колега од ПСЖ, Нејмар го навредил поради еден фер-плеј потег на капитенот и вратена топка за Костариканците. По тоа, Силва за бразилските меидуми признал дека е тажен.

„Денеска ме мачеше неговото однесување. Во момент кога ја вратив топката, тој почна да ме навредува. Но, јас мислам дека бев во право, затоа што тие сакаа да заштедат време. Ја вратив топката зашто тоа не беше посед кој ќе ни донесеше победа. Мирен сум за ова прашање, но истовремено тажен поради неговото однесување кон мене“, признал стоперот Тијаго Силва.