Андрес Иниеста ја првршува својата долга авантура на „Камп Ноу“ и од следната сезона ќе го гледаме во некој кинески клуб, барем така со голема сигурност пренесуваат одредени шпански медиуми.

Иниеста ќе замине од Барса со шампионската титула од Ла Лига, но ќе остане таа со горчлив вкус поради бруталната елиминација од Лигата на шампионите од Рома во Рим. Секако дека заминувањето на Иниеста во Кина ќе му донесе многу пари, но има и друга причина, исто така поврзана со пари.

Наводно, една од основните причини поради која Иниеста го одбрал Далечниот исток е таа дека неговата винарија веќе две години извезува големи количини од тој пијалак во Кина. Околу две милиони шишиња да бидеме попрецизни. А, клубот во кој ќе игра Иниеста, засега името се држи во строга тајност, се обврзал дека во наредните 10 години ќе произведува шишиња за винаријата „Бодега Иниеста“ од шпанска Фуентеалбиља.

Јасно е дека станува збор за огромни пари, не само на име плата за тригодишниот договор. Притоа, Ииеста таму ќе ангажира и детски кампови, ќе има осигурани уште некои комерцијални активности... Сериозно ќе заработи.

Инаку, со заминувањето на Иниеста веќе се запознати сите во каталонскиот клуб, вклучувајќи ги тука и играчите. Името на клубот го знае само најблискиот круг на пријатели, бидејќи е потпишан договор за доверба, па тој податок не смее да стигне до јавноста.