Мундијалска програма: Бразил по прва победа, жешко дерби во Калининград!

Битката за местата во осминафиналето полека почнуваат да зовриваат, а четири осминафиналисти веќе се познати во Русија, Ургвај, Франција и Хрватска, а денеска првиот фаворит Бразил ќе тргне во поход на прва победа, додека вечерниот меч е загарантирано дерби – Србија против Швајцарија.

Откако Хрватска ја посрамоти Аргентина со Лео Меси, Исланд сега има шанса против неубедливата Нигерија да исчекори кон историски пласман во елиминациската фаза, а од овој резултат и ќе се знае која е математиката за евентуален опстанок на „гаучосите“.

БРАЗИЛ – КОСТАРИКА (14 часот, стадион во Санкт Петербург)

ТАБЕЛА: Србија 3, Бразил 1, Швајцарија 1, Костарика 0.

Петкратниот светски првак нема право многу да калкулира, па против Костарика, првиот фаворит за титулата ќе мора да испорача победа за да остане во борба за првото место. Од Бразил денеска се очекува многу поубедлива игра од таа што Нејмар, Кутињо, Вилјан, Марсело и останатите ја прикажаа против Швајцарија. Костарика исто така беше неубедлива против Србија, од која загуби со 0-1, па за да останат во игра за осминафинале ќе треба да го нападнат Бразил, а ако некој им се отвори на „кариоките“ може да доживее дебакл.

Бразил: Алисон – Данило, Тијаго Силва, Миранда, Марсело – Касемиро, Паулињо – Вилијан, Кутињо, Нејмар – Габриел Жесус

Костарика: Навас, Калво, Дуарте, Акоста, Гонзалез, Гамбоа, Боргес, Гузман, Руиз, Венегас, Урена.

НИГЕРИЈА – ИСЛАНД (17 часот, Волгоград Арена)

ТАБЕЛА: Хрватска 6 (2 меча), Исланд 1 (1), Аргентина 1 (2), Нигерија 0 (1)

Откако Хрватска со две победи си обезбеди осминафинале, а Аргентина е на колена, пред Исланд е шанса да направи нов голем чекор кон историско осминафинале во својот дебитантски настап на Мундијалите. Нигерија против Хрватска не покажа речиси ништо, а ако сакаат Африканците да останат во игра за понатамошен пласман ќе мора да го пробијат дефанзивниот блок на „рибарите“ во кој заглави и Аргентина. На хартија мечот не делува ни привлечно, ни атрактивно, но дебаклот на „гаучосите“ можеби ќе ги натера двата тима да одиграат меч за паметење, а еден од нив да аправи исчекор кон следната фаза. Нигерија има очајна статистика со само една победа во последните 13 меча на СП, прв и последен пат со БиХ на Мундијалот во Бразил пред четири години.

Нигерија: Узохо – Шеху, Трост-Еконг, Балогун, Идову – Ндиди, Оби Микел, Етебо – Мозес, Игало, Ивоби

Исланд: Халдорсон – Севарсон, Арнасон, Сигурдсон, Магнусон – Халфредсон, Гунарсон – Сигурдсон, Бјарнасон, Гисласон – Финбогасон

СРБИЈА – ШВАЈЦАРИЈА (20 часот, Арена Калининград)

ТАБЕЛА: Србија 3, Бразил 1, Швајцарија 1, Костарика 0.

Дерби кое решава практично кој ќе оди во осминафиналето на СП, меч кој добива политичка позадина, со тензија за односот на неколкуте косовци од Швајцарија кон српската селекција и евентуалните провокации надвор од фудбалската битка на теренот. Србија со победа ја дочекува Швајцарија, која му скина бод на Бразил и покажа дека е сериозна селекција, која знае што сака, па вечерва се очекува вистинско дерби во Калининград, каде грешките ќе решаваат кој ќе победи. Триумф за Србија дефинитивно ќе значи осминафинале, Швајцарија со таква победа би бил на чекор и само чудо би ги спречило да не одат во следната фаза, а реми само ќе ја пролонгира битката за местото покрај Бразил во елиминациите. Тоа што е за очекување е дека ќе се игра цврсто, трпелово, со доста набој на двете страни. Веројатно ни двата селектори нема да сменат ништо во однос на првите мечеви кои ги играа

Србија: Стојковиќ – Ивановиќ, Миленковиќ, Тошиќ, Коларов – Матиќ, Миливојевиќ, Милинковиќ-Савиќ, Костиќ, Тадиќ – Митровиќ

Швајцарија: Сомер – Лихтштајнер, Шаер, Аканџи, Родригез – Бехрами, Џака – Шаќири, Џемаили, Зубер - Сеферовиќ