Меси трагичар - Аргентина не се справи со „рибарите“! (ВИДЕО)

Падна и првото поголемо изненадување на Светското првенство во Русија - фаворитот за титула, селекцијата на Аргентина, одигра само 1-1 против аутсајдерот Исланд во првото коло од групата Д!

Трагичар на натпреварот беше Лионел Меси, oној од којшто се очекува да ја предводи оваа генерација до златото, бидјќи во 64-та минута не успеа да реализира пенал и да ѝ донесе водство на Аргентина, па така гаучосите на пропуштија и најголемата шанса за триумф на денешниот меч.

Гаучосите отворија во 19-та минута преку Агуеро, но по само четири минути Финбогасон изедначи на 1-1 и на крајот тој резултат се испостави како конечен. Исланд важеше за едно од најголемите изненадувања на псследното Европско првенство, а еве ги „рибарите“ и на Мундијалот во Русија почнуваат во одлично светло.

Аргентина имаше далеку повеќе од играта и сосздаде голем број на шанси, но старите проблеми со реализацијата и неискуството во одбраната придонесоа денеска тие да имаат големи проблеми против еден Исланд, а важат за меѓу првите три фаворити за титула.

Во истава група вечерва ќе се одигра дуелот помеѓу репрезентациите на Хрватска и Нигерија.