Меси сака да игра на СП 2026, но само под еден услов!

Еден од најдобрите фудбалери во историјата и репрезентативец на Аргентина, Лионел Меси кажа дека сака да игра на Светското првенство (СП) во 2026 година, но одлука ќе донесе кога ќе се увери дека е подготвен да ѝ помогне на својата селекција.

Меси оваа сезона игра одлично во МЛС-лигата и има постигнато 29 голови и 16 асистенции, а за настап на СП 2026 вели дека мора да се исполни еден услов за да заигра, а тоа е да биде сигурен дека може да им помогне на „гаучосите“.

„Сакам да играм на Мундијалот, но само ако можам да ѝ помогнам на Аргентина. Да се игра за репрезентацијата и да се освои светската титула е остварување на сонот“, кажа Меси.