Алвеш беше во затвор поради силување, а сега стана - проповедник (ВИДЕО)

Еден од најтрофејните фудбалери во историјата, Дани Алвеш се соочи со пекол во изминатите години, откако беше обвинет за силување на девојка во ноќен клуб.

Алвеш беше прогласен за виновен и осуден на четири ипол години затвор, по што Барселона го отстрани од клупската страница со легендите.

Откако помина одреден период зад решетки, Алвеш го промени целосно неговиот живот, односно почнал да работи како проповедник.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како проповеда за Бог.