Бурата во „Ел Класико“ се одразува и на шпанската репрезентација (ФОТО)

„Ел Класико“ понуди одличен фудбал и победа на Реал Мадрид од 2-1 против Барселона, но и искри на теренот меѓу ѕвездите на двата шпански гиганти.

По дуелот меѓу екипите имаше инцидент меѓу Дани Карвахал и Ламин Јамал, по што младата ѕвезда на Барселона го отследи капитенот на Шпанија од социјалните мрежи.

Потегот на Јамал го следеа и други фудбалери на Барселона, како Фермин Лопез, Пау Кубарси, Педри и Жерар Мартин, а тоа најверојатно ќе се одрази и на шпанската репрезентација.

Селекторот Луис де ла Фуенте ќе има полни раце работа да ги смири страстите меѓу шпанските ѕвезди по нивната пресметка во „Ел Класико“, зашто во спортивно ѝ се заканува колапс на „црвената фурија“.