Нови детали од „Ел Класико“: Јамал го предизвикал Винисиус да се тепаат! (ФОТО)

Реал Мадрид славеше во дербито против Барселона со 2-1, но по последниот судиски свиреж се случи вистински хаос на теренот, каде што главната улога им припадна на Ламин Јамал и Винисиус Жуниор.

Ѕвездата на Барселона испрати провокативни пораки до „кралевите“ и пред „Ел Класико“, но гигантот од Мадрид ја дочека својата одмазда, по што на социјалните мрежи се појавија и нови детали од караницата меѓу Јамал и Винисиус.

„Ајде, дојди да се тепаме“, му кажал Јамал на Винисиус, по што Бразилецот се согласил.