Меси погоди во победата на Интер Мајами – дојде на чекор до магичниот број 900!
Аргентинските фудбалери беа клучни за триумфот на тимот од Флорида. Родриго де Пол го отвори резултатот во 17. минута, а само десет минути подоцна во листата на стрелци се запиша и Лионел Меси. Аргентинскиот мајстор уште еднаш покажа дека и на 38 години е голема закана за противничките одбрани. За Меси ова беше 899. гол во кариерата, па сега му недостасува само уште еден погодок за да стигне до големиот јубилеј од 900 голови.
Интер Мајами со оваа победа ја запиша втората победа во третото коло од новата сезона во МЛС шампионатот.