Ѓоковиќ со пресврт ја мина првата пречка на Индијан Велс

Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ со 2-1 во сетови го мина Камил Мајхржак од Полска и се пласираше во третото коло на Индијан Велс.

Како трет носител на турнирот, Ѓоковиќ од второто коло го стартуваше учеството на Индијан Велс. Српскиот тенисер се мачеше во првиот сет, но во следните два ја покажа својата моќ.

Мајхржак поведе со 1-0 откако го доби првиот сет со 6-4. Откако влезе во негатива, Ѓоковиќ заигра многу подобро, ги доби наредните два со 6-1 и 6-2 и дојде до победа во два сета.

Во третото коло Ѓоковиќ ќе игра против Ковачевиќ кој настапува под американско знаме.

Ноќеска настап имаше и првиот носител на турнирот, Карлос Алкараз кој со 6-2 и 6-3 го победи Григор Димитров.

Фото: ЕПА