Њукасл му станува пациент на Мармуш, играчот на Сити имаа неверојатна статистика! (ВИДЕО)
Овој фудбалер досега има дадено 14 голови за Манчестер Сити, а дури половина од нив, односно седум се против Њукасл.
Сити не почна добро, Њукасл со гол на Барнс во 18. минута поведе со 1-0.
На пет минути до крајот на првиот дел Савињо изедначи на 1-1. Тоа беше резултатот од првиот дел.
По две минути игра во второто полувреме Мармуш реализира за комплетен пресврт и водство на Сити од 2-1.
Конечните 3-1 Мармуш со својот втор гол на мечот ги постави во 65. минута.