Меси ќе потпише нов договор со Интер – ќе игра и во петтата деценија од животот!

Лионел Меси е на чекор до потпишување нов повеќегодишен договор со Интер Мајами, пренесува американската телевизија ЕСПН.

Актуелниот договор на аргентинската ѕвезда истекува на крајот од календарската година, а преговорите за продолжување на соработката се во завршна фаза. Очекувањата се Меси да стави потпис на уште двегодишен ангажман, со што ќе остане во клубот најмалку до 2028 година, кога ќе има 41 година. Сопственикот на франшизата од Мајами, Хорхе Мас, неодамна истакна дека клубот ќе направи сѐ за да го задржи светскиот шампион до крајот на неговата кариера. Според најавите, официјалната потврда се очекува во наредните денови.

Меси пристигна во Интер Мајами во јули 2023 година, со договор важечки до крајот на 2025. Во тековната сезона тој одигра 36 натпревари, постигна 28 голови и запиша 12 асистенции во сите натпреварувања.