Лудиот Чоло: Нови снимки од обидот на Симеоне да се тепа со навивачите на Ливерпул (ВИДЕО)

Ливерпул со голот на Вирџил ван Дајк во 92-та минута го совлада Атлетико Мадрид (3-2) во највозбудливиот натпревар од синоќешната програма во Лигата на шампионите.

Радоста на „Енфилд“ беше огромна, но истовремено донесе и бурна реакција на тренерот на гостите, Диего Симеоне. Аргентинецот, познат по својот темперамент, веднаш по примениот гол скокна кон домашните навивачи кои беа сместени зад клупата на Атлетико. Дел од нив го провоцираа целиот меч, а по погодокот на Ван Дајк дури и со навреди и навредливи гестови. Симеоне во еден момент изгуби контрола и беше спречен од соработниците да влезе во физичка пресметка.

Новите снимки што се појавија на социјалните мрежи покажуваат колку малку недостигаше за да дојде до сериозен инцидент меѓу тренерот на Атлетико и дел од навивачите на Ливерпул. Судијата реши да го исклучи Симеоне, кој доби црвен картон во завршницата од натпреварот.

ФОТО: EPA PHOTO