Мареска „распали“ по судијата по поразот на Челси во Минхен (ВИДЕО)

Светскиот клупски шампион Челси одигра очаен натпревар во Минхен и загуби од Баерн со 1-3 во првото коло на Лигата на шампиони (ЛШ), а тренерот Енцо Мареска го критикуваше судијата поради една одлука во првото полувреме.

Мареска смета дека судијата морал да му додели црвен картон на Џонатан Тах, кој се обиде да го запре Жоао Педро со груб старт, пред „сините“ да го постигнат првиот гол на натпреварот.

„Одлуката на судијата да не му даде црвен картон на Тах беше лоша. Според мене, за тоа се доделува црвен картон, зашто немаше немаше никаква намера да се одигра на топка“, кажа Мареска.